10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

НАУНОВСКИ: ОВА ЛИ Е БЕ ВМРО ?!

Политичкиот аналитичар Тони Науновски реагираше на фејсбук на изјавата на Таравари дадена на емисијата “Клик Плус” на ТВ21. Таравари од Алијанса за Албанците откри дека Мицкоски е подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде што Албанците се напишани како етничка заедница со 20 проценти од населението. Наместо тоа, би биле прецизно напишани, како Албанци.

  • Еве ја цената за коалицијата на мицковистичкото дпмне со Зијадин Села. Срамота. Значи, Мицковски дава повеќе и од сдс на албанското малцинство! Еее, вмро–вци, патриоти, кај сте бе сега да се побуните против Мицковски и неговите, или се согласувате со ова, а? Ова ли е бе ВМРО?! Како бе ќе барате народот да гласа за Мицковски и за вас после ова, а? Нели ви е срам? Јас сум шокиран, не од Мицковски, одамна ми е јасен, туку од вас што уште, после се, му давате поддршка. Гласањето за мицковистичкото дпмне значи гласање за зијадин села и за овие и многу други отстапки кажани во јавните говори на зијадин, како на пример да се бркаат Македонци од работа и на нивно место да се вработуваат албанци, потоа за нетериторијална федерализација итн., што значи, на некој начин, тие што ќе гласаат за Мицковски се предавници на Македонската кауза и вистинските идеали на ВМРО. – пишува на Фејсбук аналитичарот Науновски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести