6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Место украсите што ги нарачал во пратката го дочекало отровно животоно ! (фото)

Едно семејство во Велика Британија нарачало украси за дома за Божиќ преку Интернет, но биле шокирани кога стигнал пакетот.

Имено, Џема Смит ја отвори пратката и ималс што да види – со украсите дошол и голем пајак, поради што започнала да вреска. Фактот дека страда од арахнофобија, односно страв од пајаци, воопшто не и помогна на ситуацијата.

  • Бев на работа, а потоа сопругата ми се јави и ми рече дека и се случил најголем ужас во животот. Таа страда од арахнофобија затоа што имала лошо искуство со пајаци кога била дете. Бев шокиран кога видов што пристигна. Не знам од каде е пакетот, а пајакот беше жив кога се вратив дома – вели сопругот Марк за „Сонцето“.

Еден од експертите потврди дека станува збор за пајак од видот „Sparassidae“, кој живее во областите на Азија и Австралија. Како што е наведено, отровот од овој вид членконоги не е смртоносен за луѓето.

Тие се познати како способни ловци, и можат да достигнат големина до 15 сантиметри.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести