Англискиот бизнисмен Ричард Принсло Карсон се обидува да собере пет милијарди фунти со кои сака да изгради природен парк во кој ќе бидат зачувани сите видови животни од планетата Земја.
Овој парк би се простирал на 100 квадратни километри и би се наоѓал во провинцијата Квазулу Натал во Јужна Африка. Досега, Курсон успеа да собере само 55 фунти, па се поставува прашањето – дали е нешто вакво воопшто реално?

Презентациите на оваа идеја, која беше претставена како „најголемиот конзерваторски проект во историјата“, ќе бидат прикажани во 12 епизоди од телевизиската серија „Ноевата арка“ во јануари 2021 година.
- Животинското кралство е во период на криза. Климатските промени, прекумерниот развој, земјоделството, пластиката во океаните, ловот и ловокрадството бришат илјадници видови од лицето на земјата. Ние им должиме на идните генерации да го зачуваат природниот свет, во спротивно нашите деца ќе мора да се борат со ужасните последици од климатските промени за да преживеат, рече Карсон.