Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Поголем Заев од Заев : Мицкоски ветувал дека квтотата од 20% целосно ќе биде отстранета за двојазичноста !

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу.

Две ипол години по донесувањето на Законот за употреба на јазици за Мицкоски веќе не е спорно тоа што истиот , според тогашните кажувања ќе создадел паралелизам и хаос, единствен проблем било тоа што стоело „20%“ наместо да била јасно напишана етничката заедница како „албанска“.

Ваквиот лупинг на Мицкоски го откри синоќа Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса кој на ТВ 21 ја кажа цената што му била испорачана на Мицкоски за евентуално идно коалицирање и ветувањата што им ги дал Мицкоски.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за емисијата „Клик плус“ изјави дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20% од населението. „Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20 отсто“, нагласи Таравари.
Таравари на гостувањето кажа и дека Мицкоски јавно се извинил за 27-ми април и дека тоа било голема порака“.

Што зборуваше пред две години „пазарџијата“ Мицкоски ?

  • ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи ниту ќе поддржи во иднина постоење на таков закон за двојазичност. Таков закон за ВМРО-ДПМНЕ не постои, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител Телевизија. Ова е извадок од интервју дадено на 03.05.2018 година.
  • „Законот за двојазичност е против уставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи. Македонските гласачи не гласаа за спроведување на точки од платформи потпишани во соседни држави кои ќе придонесат кон нови поделби помеѓу граѓаните. Граѓаните во огромен број се спротивставуваат на ваквото законско решение“. Ова го соопшти партијата на 25.03.2018 година.
  • „Двојазичноста ќе креира хаос во правниот промет. Истата ќе создаде неефикасни институции кои ќе потонат во преводот помеѓу јазиците, наместо да бидат од реална полза за граѓаните и да работат во извршување на работата за која постојат. Законот ќе создаде паралелизам во сите институции како на централно ниво, така и на локално ниво. Два јазика – две архиви“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ на 11.01.2018 година.
  • ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ“. Правната држава и владеењето на правото се основните постулати на една демократска држава, а јавното обвинителство мора да се ослободи од политичките притисоци и веднаш да постапи по овие кривични пријави, а доколку не постапи станува соучесник во целиот процес“. Партиско сооштение од 19 Јануари, 2019
  • „Немаме политика на принципи од власта, туку ‘купи ден продај’ политика. Имаме коцкање со државните и национални интереси, во секој друг поглед. Владата на Зоран Заев практично стана заложник на своите неуспеси, и кусогледа популистичка политика. Без многу голема промисленост, туку само со една цел и интерес, како да се дојде до повеќе пари, и до повеќе лични бизниси, а се останато може да чека. Добивме закон кој е правна дивоградба. Ова е тема со која Заев сакаше да ги прелаже Албанците во негов стил, за да ги добие нивните гласови, иако ние укажувавме дека законот освен тоа што е противуставен е и неспроведлив и не помага никому. Само не внесе и не заплетка повторно во нова дебата на стара тема во која има многу емоции и национални чувства, а особено имајќи во предвид со кого имаме работа, за очекување е тие да бидат злоупотребени во текот на изборите.“ изјави Мицкоски на прес конференција на 09.12.2019 година.

Една година подоцна излезе дека толкава галама кревал заради тоа што највеќе му пречело во законот испишаните „20%“…

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...