Силна бура исфрлила на брегот на Камчатка кит долг 19 метри.
Спрема очевитците, морската грдосија на брегот буквално ја исфрлиле огромни бранови. Кит долг 19 метри, што за оваа врста е многу ретко. На несреќното животно му немало спас, силните струи и бранови ја довеле до брегот, како и до бродот кој бил тука укотвен, за што сведочат раните на главата.
И порано хидрометеоролошкиот центар на Камчатка предупредувал дека бура со бранови високи до 10 метри се очекува од 18. до 19. ноември на западните и централните Алеутски острови, како и во Беринговото море.
Иако се развила полемика дали е во прашање син или грбав кит, локалните извештаи наведуваат дека станува збор за грбав кит. Големите грбави китови се долги од 12 до 16 метри, тешки од 25 до 30 тона, така што ова е единствен примерок, со трагичен крај.
Научниците ќе утврдуваат дали ова е еден од најголемите грбави китови кој е виден досега.
