Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Проширен капацитетот во ГОБ 8 Септември ЗА УШТЕ 43 КРЕВЕТИ

Од утрово ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19.

Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.

Ковид центарот на Клиниката за Очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија.

Се очекува во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло  каде би се згрижиле дополнителен број болни.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...