7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

Потпретседателите почнаа да го корегираат загубениот Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ сега моли Пендаровски да свика лидерска!

Пред три месеци, на 13 Август, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски организираше марш до претседателската резиденција каде што заедно со пратеничката група на Коалицијата за обнова на Македонија побара поддршка од Претседателот Стево Пендаровски.
Откако беше примен кај Претседателот Пендаровски , Мицкоски ги изнесе забелешките дека мандатот бил доделен на пратеникот Зоран Заев кој немал докажано дека има мнозинство за составување на новата Влада. Одговорот од пендаровски бил дека Заев изразил уверување дека ќе работи на создавање парламентарно мнозинство.
На ваквото образложение Мицкоски реагираше жестоко и го обвини Пендаровски дека ја приватизирал и партизирал функцијата.
„ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот, Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките кон Кабинетот на претседателот“, соопшти првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

После ваквата драматуршка минијатура на Мицкоски, не следеа ниту дополнителни прашања, ниту некакви молби за да го промени ставот. Едноставни беше оставен сам за да увиди дека повторно направил лоша политичка проценка и дека наивно го „насанкале“ со информации дека Заев немал обезбедено мнозинство.

Три месеци подоцна, политиките на Мицкоски доживуваат колапс. Партијата е во изолација, а потпретседателите ги исправаат неговите избрзани потези.

„Гледаме дека Претседателот на државата закажува Совет за национална безбедност, се шпекулира низ медиумите дека ќе се прогласи кризна состојба, најмалку што треба да се направи е да се свика една лидерска средба на која ќе се разговара во однос на три прашања. Првата работа е здравствената криза предизвикана од корона вирусот, втората е економската криза предизвикана од корона вирусот и третата е блокадата на Македонија во однос евроинтегративниот пат и барањата од Бугарија за национално обезличување на Македонија и на Македонците. Така што таа средба очекуваме да се случи, повикуваме да се случи, тоа е начинот на кои што работат паметните држави“, изјави на вчерашната прес конференција потпретседателот Александар Николовски.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести