4 C
Skopje
петок, април 9, 2021
spot_img

НАЈЧУДЕН ПОГРЕБ ВО СВЕТ

Во малото место Лузара, во провинцијата Реџо Емилија, погребана била 21-годишната Мартина Бонарети, која починала пред неколку дена од КОВИД-19, според агенцијата Аги.

Другите италијански медиуми исто така опширно пишуваа за случајот, бидејќи починатата девојка била наводно здрава пред инфекцијата, не страдала од други болести, а нејзината смрт била големо изненадување за лекарите, семејството и сограѓаните.

Погребот на една од стотиците дневни жртви на коронавирусот го привлекол вниманието на италијанските медиуми затоа што се емитувал преку специјално отворен канал на Јутјуб за да може погребот да го следат родители и сестра, сите во карантин заразени со коронавирус и многу сограѓаните кои сакале да ја поздрават починатата девојка за последен пат.

Властите, со цел да го спречат собирот и можноста за понатамошно ширење на КОВИД-19 меѓу сограѓаните, ги затвориле за јавноста улиците каде се движел автомобилот со телото на девојчето.

Под прозорецот на семејната куќа на починатото девојче, запрел за родителите и сестрата да ја поздрават од прозорецот, а мисата во црквата била пренесена преку каналот на Јутјуб.

Колку и да беше тажно и емотивно последното збогување на Мартина, тоа сепак беше многу повеќе од погребувањето на десетици илјади починати Италијанци во првиот бран на пандемијата.

Агенцијата потсетува на колоните воени возила со илјадници тела кои починаа од вирусот,  кои беа пренесени во затворени лимени кутии на други места во Италија каде беа кремирани телата.

Не бешее дозволен контакт со заразените или последното збогување. Тоа беше една од санитарните мерки за заштита од вирусот за која, на почетокот на пандемијата, не се знаеше скоро ништо.

Читај Следно

10,343FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести