5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЏОНИ ДЕП ПРОПАДНА – Бившата го доведе до БАНКРОТ

Џони Деп би можел да остане не само без кариера, туку и без денар ако продолжи да се бори против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Според „National Enquirer“, актерот имал буџет од 100 милиони долари кога започна постапка за клевета против таблоидот „The Sun“, кој го нарекол насилник што тепал жени. Таа сума наводно ги покрива хонорарите на адвокатот на актерот, судските трошоци и многу повеќе.

Но, сега Деп го загуби случајот против споменатиот магазин. Сепак, sвездата тврди дека ќе се бори на суд и дека ќе поднесе жалба против неговиот случај пред суд во Лондон. Извор изјавил за „National Enquirer“ дека жалбата за неговиот случај би значела дека Деп ќе мора да потроши повеќе од 100 милиони долари, а бидејќи постои ризик уште еднаш да изгуби, Деп може да заврши во банкрот.

Згора на тоа, Деп има случај на клевета против Херд во Вирџинија, а сослушувањето ќе започне во јуни 2021 година. Во овој случај, Херд поднесе противтужба против Деп, што значи дека поранешната двојка ја чека подолг процес, и затоа ќе мора да одвои повеќе пари

Да бидат работите уште полоши, Деп, во меѓувреме, откри и дека од него било побарано да се повлече од филмот „Фантастични ѕверови“, а загубата на улогата во филмот за актерот се разбира значи поголеми финансиски загуби.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести