6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Што научивме од КАРАНТИНОТ?

Приказна, објавена од британскиот магазин Гардијан, ги илустрира на сликовит начин сите подеми и падови и колку парови се зближуваат сега кога поминуваат толку многу време заедно.

Се чини повеќе од кога било досега.

Дали паровите ширум светот споделуваат слични предизвици?

И покрај тврдењата дека од почетокот на пандемијата, има зголемување на побарувања за развод од дури 42%, за повеќето парови кои го минувале овој кризен период заедно, била можност да станат уште поблиски и посветени едни на други.

Магазинот преку приказната за еден пар, ни покажува како изгледале, како се развиле нивните односи и какви промени се случиле за време на пандемијата..

Брачните партнери Алекс и Еликем го споделија своето искуство.

– Сакаме да потенцираме дека сме тим. Не само двајца партнери или брачни другари. Тим

-Тимот не се формира преку ноќ. Уште помалку се јавува самостојно. Тимот се гради и се работи на тимот, работи сериозно. Дотолку повеќе ако тој тим е побројен.

Алекс открива со какви предизвици се соочила и на кои начини се борела со нив, а во оваа нејзина приказна ќе бидат препознаени многу мајки и жени.

– Приближно три недели по воведувањето на карантинот, започна сериозна борба. И физичка и емотивна – се присетува Алекс.

– Бев сама со две мали деца, Ел се уште патуваше на работа во Лондон. Не можев да ги носам никаде, парковите веќе не беа опција, а возењето велосипед и ролерки изгледаше како минато. Деновите стануваа се подолги и подолги, и со текот на времето, останав без идеја како да им го организирам денот дома. – вели Алекс.

Нејзиниот сопруг, како клучен вработен во компанијата, имал голема одговорност, а работењето од дома направило се потешко.

Тоа било сериозна промена за сите нив.

– Тремот го претворивме во канцеларија обидувајќи се да им објасниме на децата дека тато е тука да работи. Тие не успеаја да разберат како е тато дома, и дека не може да ставаат лего со него, и тој факт беше многу тежок за мене – вели тој.

Сфаќајќи дека влегуваат во рутина и стануваат незадоволни, тие решиле да направат нешто во врска со тоа. Да направат нешто за себе, за тимот.

Решиле барем за некое време, да одат офлајн и не дозволиле  новата  нормалност да ги победи.

– Како ќе го организирате вашето време заедно, вашите пет минути, зависи од вас. Дали ќе се запишете на заеднички курс преку Интернет? Ќе реновирате, или, конечно, започнете со обука? Има толку многу можности. Толку многу активности, кои немаме време да ги направиме, велат тие.

Порачуваат дека, ова е време кога ќе откриеме колку можат да бидат посебни сите работи што ги земавме здраво за готово.

Алекс и Еликем го откриле значењето и убавината на обичните, секојдневни работи, како играње карти и гледање филмови.

Дале ново значење на заедничката подготовка на вечера.

– Има толку многу можности и толку многу начини. Направете пауза. Одвојте време за себе. Ќе дознаете колку може да биде вредно читањето. Колку е забавно, всушност, да се решаваат крстозборки. Или пак табла. Бидејќи, на крајот на денот, споделувањето е грижа, порачува овој пар.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести