14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Нова, страшна повреда на Клеј Томпсон!

Клеј Томпсон, бекот на Голден Стеј Вориорс навистина нема среќа. Само што се опорави од тешката повреда на вкрстените лигаменти, поради која паузираше цела мината сезона, на едне тренинг во Калфорнија со својата екипа, одново се повредил. Страдала ахоловата пета, имено се случила руптура на ахловата пета. Тоа е најстрашната повреда кај кошаркарите. Официјално од клубот потврдуваат дека Томпсон е повреден, но не излегуваат со детали. Од друга страна “инсајдерите“ во НБА велат дека Вориорси најверојатно ќе мораат и оваа сезона што доаѓа да ја играат без еден од своите најдобри играчи, без една од најголемите ѕвезди во најквалитетна лига во светот.

По повод најновата повреда, пораки со поддршка за Клеј дојдоа од Леброн Џејмс, Пол Џорџ, Дејмонд Грин….

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести