Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

БИЛ ГЕЈТС: Ако не сакате маски, СЕДЕТЕ ДОМА

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во онлајн дебата зборуваше за моменталната состојба во светот со пандемијата и однесувањето на луѓето. Во тој пово Гејтс го спореди носење маска со носење панталони.

Како што нагласи, првите препораки во врска со коронавирусот беа исти како и за другите респираторни заболувања, но се покажа дека КОВИД19 е многу поопасен.

На места каде маските се задолжителни, бројот на заболени опаѓа, според едно истражување, носењето маски до март 2021 година би спречило смрт на повеќе од 63 000 Американци.

Сепак, многу граѓани на САД го претворија одбивањето да носат маски во политичка изјава против науката и гест на независен избор, верува Гејтс, објаснувајќи колку за него се несфатливи таквите луѓе.

„Самата идеја некој да одбие да носи маска е неверојатно чудна за мене. Кои се тие, некои нудисти? Ние исто така ги замолуваме луѓето да носат панталони, и не многу од нив се жалат на тоа. „Ако сакате животот да се врати во нормала, носете маска или не носете маска, туку останете дома“, рече милијардерот.

Гејтс исто така го изрази своето мислење зошто маските не се сметаа за важни во претходните фази на пандемијата. Како што објасни, научниците ги засновале своите совети на она што го знаат за респираторни вируси како што се настинки и грип.

„ Ако, на пример, некој со настинка помине еден час во соба со здрави луѓе, повеќето ќе останат здрави. Во случај на КОВИД 19 – скоро сите би биле заразени “, рече тој.

Друг клучен фактор, смета Гејтс, е можноста за ширење во асимптоматски случаи. Според него, експертите заклучиле дека „домашните“ маски кои се пплатнени, особено оние со три слоја, спречуваат ширење на инфекцијата.

Во раните фази се сметаше дека само H95 или медицинските маски вршат работата, па затоа тие беа чувани за здравствените работници. Сега е целосно јасно дека носењето маски има огромно влијание. Има дијаграм што покажува кои маски се најефикасни во различни ситуации “, додаде тој.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...