Облак од чад забележан е над болницата во Комунарки, еден од главните московски центри за лечење од корона вирус јавиле руските медиуми.
Телевизија НТВ објавила дека пожарот избил во еден од болничките комплекси.
Новинската агенција РИА јавила дека од околно оделени на руското Министерство за вонредни ситуации соопштиле дека знаат за инцидентот и дека во тек е истрага.
Засега нема податоци за тоа дали има повредени во пожарот.