6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Утре и во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. В сабота ќе има продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести