4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

На инфективните одделенија низ Македонија се лекуваат 792 ПАЦИЕНТИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792, соопштија од министерството за здравство.

– Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 43 пациент, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп  94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.  Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, стои во соопштението.

Од МЗ додаваат дека вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.225 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението на МЗ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести