8.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

ИМА ГРАДИ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ – ЈА СПАСУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР ОД ИЛЈАДНИЦИ ФАНОВИ (фото)

Британската пејачка и модел Саманта Фокс (54) стана популарна во 1983 година кога се појави на легендарната „Страна 3“ на 16 години и оттогаш е една од најголемите англиски ѕвезди.

Саманта сега откри дека нејзините гради биле осигурани за милион фунти на врвот на нејзината слава во осумдесеттите години.

Говорејќи за „The Sun“, 54-годишната пејачка призна дека ги осигурала своите гради, по 500 000 фунти, по совет на нејзиниот агент.

– Мојот агент рече: „Ако Бети Грејбл може да ги осигура своите нозе, ти можеш градите“ – открила Саманта.

Таа откри и како станала една од најпознатите жени во Велика Британија во осумдесеттите години, како и дека нејзините баби и дедовци морале да ангажираат телохранители за да ја заштитат од хистеријата на ордата фанови.

 Една сабота на потпишување на автограми имаше околу 10 000 тинејџери што толку силно трескаа по прозорците да влезат внатре. Морав да побегнам со телохранителите со хеликоптер од покривот – додаде Саманта.

Таа се повлече како модел во 1986 година и започна успешна музичка кариера.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести