Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Ангелевска: Ако сакаме добро на државата, потребен е вонреден конгрес и создавање силна опозиција

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни дека потребата од вонреден конгрес се наметна затоа што вмро во овие три години, откако Мицкоски е прв човек, не успеа да се промовира како алтернатива на очајно лошата власт на СДСМ. Според Ангелевска , Мицкоски залудно ги загубил овие три години нанесувајќи му штета на ВМРО-ДПМНЕ кое во вакви тешки времиња остана на страна од сите главни процеси кои се случуваа во државата. Ангелевска дури и се сомнева дека сето тоа намерно се правело.

„Вонреден конгрес е неминовен. Само вонредниот конгрес ќе го обедини членството и ќе ги зацврсне структурите. Само такво вмро ќе може да изгради концепт и визија кои ќе бидат вистински одговор за потребите на граѓаните и со кои ќе можеме да се спротиставиме на лошите политики на СДСМ“, вели Ангелевска.

Прашањето на заминување, како што посочи советничката Ангелевска, го отвори самиот Мицкоски кој најави дека ќе поднесе оставка доколку ги загуби и предвремените парламентарни избори.

Како причина за потребата од вонреден конгрес, Ангелевска ги наведе и неисполнетите ветувања кои Мицкоски ги дал пред делегатите на 16от конгрес на кој што бил избран за претседател.

  • Слушнавме ветувања за обединување на партијата, за подобрување на релациите со меѓународната заедница и за зголемување на коалициските капацитети. Ништо од ова не е реализирано. Напротив, партијата никогаш не била поразединета. Односите со меѓународната заедница не биле полоши, а на изборите ВМРО-ДПМНЕ настапи со најмала коалиција досега, а после изборите и покрај ветувањата, Мицкоски не успеа да обезбеди мнозинство и коалиција за формирање на влада, вели Ангелевска.

Заканите по неа и информацијата дека била исклучена од партиските функции, Ангелевска ги гледа како панична реакција и недостаток на демократски капацитет на раководството. Таа посочува дека ВМРО-ДПМНЕ има демократски капацитет и дека ќе успее да се крене над интересите на поединци кои ја влечат надолу. Целиот процес , според Ангелевска која е поранешен претседател на Унијата на жени во Битола и член на партијата 20 години, ќе резултира со вонреден конгрес и обединување на партиските структури.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...