2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Секое спомнување на народот од Мицкоски, губи и народот и ВМРО-ДПМНЕ

„Ако Заев направи предавство, ќе му се случи народ“, се закани вчера од прес конференција првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Уште пред две години кога клекна на колена, Мицкоски се повикуваше на народот во секое свое обраќање. Од тогаш до денес народот нема ама баш никаква полза од спомнувањата на митинзите и прес конференциите на Мицкоски.
На 15 Јули 2018 година, на митинг во Кавадарци , Мицкоски најави „ НАРОДОТ ЈА ИЗБРА БИТКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, СДСМ ЌЕ ДОЖИВЕЕ ДЕБАКЛ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ“.

На 22.12.2018 година, во Прилеп Мицкоски повторно се повика на народот, порачувајќи „ Народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него“.

Лани на 24 Април објави видео во кое порача „ Вистинската сила се граѓаните, македонската пролет доаѓа“.

Потоа најавуваше во Берово „ Народот се сплотува и на 15-ти јули конечно ќе ја победиме сите заедно оваа ненародна и криминална власт“.

Откако народот не се приклони кон Мицкоски и ги загуби практично добиените избори, за да го зачува тронот во партијата, почна повторно да се повикува на народот и да најавува жешка есен.

Празните зборови на Мицкоски предизвикуваат негативни реакции на социјалните мрежи

Алфа Телевизија, еден од медиумите кои некритички пренесуваат се што ќе каже Мицкоски , вчера неговиот настап го пренесуваше во живо на фејсбук.
ТВ Алфа е слабо гледана, но забележително е тоа што најголем дел од коментарите под видеото беа негативни, иако претежно станува збор за членови и симпатизери на опозицијата.

„На Народот му е повеќе од ЈАСНО се, посебно на тие што треба да му е Јасно и кој се таргет на Пресов. Баталете Пресови, потребна е борба, да се спречат и срушат. Незнам кој ви ја прави стратегијава на Водење Опозициона Политика, но единствено е Насочена и работи против Вас и во Кприст на Заев, или едноставно се Нема РЕШИТЕЛНОСТ и ХРАБРОСТ. Почнете веќе еднаш Борба, ама ИСКРЕНА и без дворски игри, непотценуваќи го народот кој е свесен и со тоа правите контрарфект.“

„Ова е само пукање со ќор фишеци од Мицкоски“

„Тој до сега се амин му даде, па сега ќе превземал. Хахахаха Мицко одработува за Зајко предавникот. Зошто не може да сватите кукавица и продаден г.. е. Само дроби 4 години дрн дрн дрн…“

„Ве поздравува ПРЕСПА и вас. Вие не се безрбетници.Вие им сте следбеници“

„Почитуван Мицкоски, ве молам доста професорски предавања. Или преземи прави мерки или дај ја твојата столица на некој што има храброст да спроведува спас за Македонија. Ти си способен за предавања, а не да водиш партија како што е ВМРО“

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести