Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ЕВЕ ЗАШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ТИКВА

Тиквата е зеленчук кој е богат со хранливи материи кои го зајакнуваат организмот и затоа треба почесто да ја има на нашата трпеза.

Ја одржува тежината – Тиквата е зеленчук со слатко и брашнасто месо со жолта боја, и портокалова кора и може да биде тешка од 10 килограми и повеќе. Во стотина грами на нејзиниот плод се наоѓаат помалку од 30 калории и 90% вода поради што спаѓа во диетална намирница. А над сѐ, редовна конзумација го намалува лошиот холестерол во крвта.

Го штити имунитетот – Бојата на месото и кората сугерира дека станува збор за зеленчук богат со бета каротен. Тоа е антиоксидант кој го штити организмот од влијанието на слободни радикали, го чува здравјето на очите и го зајакнува имунитетот. Јакнењето на организмот го помагаат и витамините Ц, Е, и К кои исто така се наоѓаат во овој зеленчук, како и калиумот, калциумот и железото.

Ја поттикнува работата на органите за варење – Во тиквата се наоѓаат мноштво на прехранбени влакна. Пектинот и целулозата ја подобруваат работата на органите за варење и ги смируваат желудочните потешкотии, па така поголемата конзумација на тиква се препорачува за лицата кои страдаат од запек и воспаление на дебелото црево.

Извор на протеини – Покалорично од месото од тиква се нејзините семки во кои се наоѓаат 45% масти и 25% белковини па се сметаат за одличен извор на протеини од растително потекло. Протеините ги надоместуваат оштетените станици од бубрезите, црниот дроб и мускулите, како и косата, ноктите и коските.

Чувар на простатата – Маслото од семките на тиквата лесно е за варење, содржи есенцијални масни киселини, а неговата конзумација се препорачува на мажите бидејќи благотворно делува на воспалени процеси на простатата

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...