Од направените 3353 тестирања во последните 24 часа регистрирани се вкупно 1168 нови случаи на ковид-19, од кои само во Скопје има 513. За жал, главниот град е на врвот и кога станува збор за смртните случаи, така во изминатото деноноќие од починатите вкупно 18 лица во целата земја, пет пациенти се од Скопје и на возраст од 61, 69, 67, 77 и 84 годни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.
Во Скопје ситуацијата е следна – регистрирани се вкупно 20253 случаи, а активни се 8254.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 500
• Гази Баба – 1151
• Аеродром -1256
• Карпош – 1070
• Центар – 1028
• Кисела Вода – 1021
• Ѓорче Петров – 680
• Бутел – 430
• Шуто Оризари – 144
• Студеничани – 41
• Сарај – 108
• Арачиново -26
• Илинден – 199
• Сопиште – 59
• Чучер Сандево – 83
• Петровец –82
• Зелениково -54
• Странец – 149
• Нераспределен- 173
