16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Бојо Андрески

По кратко боледување, и сериозни компликации во последните денови, вечерва почина професор доктор Бојо Андрески, основач и сопственик на првиот приватен Универзитет во Република Македонија, Европски Универзитет.

Бојо Андрески, роден 1960 година, беше лидер во приватното образование во Македонија, отворајќи го првиот факултет, кој подоцна прерасна во првиот приватен Европски Универзитет на Република Македонија.

Лидер на партија на правдата, сопственик на печатеното издание на весникот Вечер, основач и сопственик на првиот Универзитетски центар за стоматологија, секогаш ќе остане запаметен како претприемачки човек со силен карактер, визија и грижа за сите околу себе.

Човек со срце како планина, татко на две ќерки и дузина внуци…

Почивај во мир!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести