7.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ПЛАНИРАН АТЕНТАТ НА ГУВЕРНЕРКАТА НА МИЧИГЕН – САКАЛЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА

Вооружената „милиција“ во Мичиген планираше да ја киднапира и убие гувернерката Гретчен Витмер, да ја окупира зградата на државната управа и да ликвидира неколку лица во директен телевизиски пренос, соопшти Кабинетот на државниот обвинител на САД во обвинението, сакајќи да предизвикаат граѓанска војна.

37-годишниот Адам Фокс, водачот на таа група, е обвинет за заговор со елементи на тероризам и планирање на убиство на Витмер и други членови на државната администрација во Мичиген, објави обвинителството, пренесува „Detroit Free Press“.

Обвинението опфаќа 14 лица вклучени во заговор откриен од ФБИ во октомври.

Државниот обвинител во Мичиген Дана Несел рече дека обвинетите се обиделе да започнат граѓанска војна поради одлуките на гувернерот во врска со пандемијата на коронавирусите.

  • Планот А предвидувал регрутирање на 200 лица кои би ја окупирале зградата на државната администрација додека се одржува Конгресот во Мичиген. Конгресмените ќе биле земени како заложници и ликвидирани на ТВ. Акцијата ќе траела една недела и никој немало да преживее, рече обвинителството.

Резервниот план предвидувал дека по окупацијата на зградата, сите излези ќе биле заклучени, а зградата потоа ќе била запалена, соопшти обвинителството.

Оваа група е наречена „Вулверинска гарда“, според култното животно што живее во Мичиген. Нивната страница на Facebook наведува дека станува збор за „група патриоти кои обединуваат и регрутираат лица кои размислуваат слично“.

Во судските документи, оваа група беше наречена „буџахедини“.

  • Тоа е кованица извлечена од зборот муџахедин и се однесува на вооружени и обучени борци, кои се подготвени да умрат за својата цел. Буџахедините честопати се отпадници од армијата или полицијата кои се подготвуваат за акција, односно граѓанска војна за која очекуваат востание против владата, според обвинителството.

Од 14-те членови на оваа група, осуммина се обвинети според законот во Мичиген, додека шестмина чекаат сојузно обвинение. Секој поединечно треба да се појави на суд во следните два месеци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести