16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ПАНИКА ВО БЕЛАТА КУЌА- Што се случува со обезбедувањето на претседателот Трамп?

Повеќе од 130 припадници на Тајната служба кои го обезбедуваат американскиот претседател Доналд Трамп, Белата куќа и семејството на првиот човек во Америка, мораа да се изолираат бидејќи некои од нив биле заразени со вирусот корона или биле во контакт со заразено лице. Според „Вашингтон пост“, коронавирусот затворил околу 10 проценти од јадрото на единицата што се занимава со овие задачи, а овој американски весник тврди дека зголемувањето на заразените се должи на бројните митинзи што Трамп ги одржа пред изборите. Според весникот, тој одржал дури 14 митинзи само во последните три дена од кампањата пред претседателските избори одржани на 3 ноември, пренесува „Дејли меил“.

„Вашингтон пост“ пишува дека на овие митинзи агентите застанале помеѓу претседателот и неговите симпатизери, а според весникот, многу од присутните не носеле маски и не се придржувале до правилата за социјално дистанцирање. Овој медиум исто така наведува дека, додека сегашниот претседател стоел на сцената над другите собрани и далеку од толпата, некои од агентите биле пред бината или меѓу присутните.

Во последниве денови, Америка бележи драстично зголемување на инфекциите со коронавируси низ целата земја, а според некои информации, повеќе од 100.000 луѓе се заразуваат секој ден. Оваа земја е сè уште најтешко погодена во светот во однос на оваа инфекција, со скоро 10,9 милиони заразени, а од почетокот на пандемијата, 248 000 луѓе починале како резултат на болеста КОВИД-19, пренесува Телеграф.рс. Да потсетиме, на почетокот на октомври беше откриено дека претседателот Трамп, како и неговата сопруга и првата дама на Америка, Меланија Трамп, се заразиле со корона вирусот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести