Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

„Њујорк тајмс“ открива: Израелски оперативци го ликвидирале ВТОРИОТ ЧОВЕК НА АЛ КАЕДА

Вториот човек од Ал Каеда, обвинет за помагање во планирање бомбашки напади врз две американски амбасади во Африка во 1998 година, бил убиен од израелски оперативци во име на САД, објави денеска Њујорк тајмс, повикувајќи се на разузнавачи.

Абдула Ахмед Абдула, кој беше познат како Абу Мухамед ал-Масри, бил застрелан од двајца мажи на мотори на улици во Техеран на 7 август, објави Тајмс. Убиството на Масри, кој беше најверојатен наследник на сегашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, досега се чуваше во тајност, пишува весникот.

Улогата на САД во убиството на милитант роден во Египет останува нејасна, наведува Тајмс. Американските власти со години ги следат Масри и другите оперативци на Ал Каеда.

Ал Каеда не ја објави неговата смрт, иранските власти ја прикрија додека никој досега не презеде одговорност. Иран ја демантираше веста денеска со наводи дека нема терористи на Ал Каеда на територијата на државата. (МИА)

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...