Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Кој сака слабо и раскарано ВМРО-ДПМНЕ ?

Реториката на Мицкоски не поминува во јавноста

„Гробарот Венко Филипче денеска закопа 30 граѓани. Триесет семејства се завиени во црно“.
„Аеродромци дишат смрт“.
„Македонија губи премногу животи“.
Најмалку 30 пати во неколкуте статуси, соопштенија и реакции на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ синоќа беа споменувани гробови, гробари и смрт. Ниту еднаш во партиските реакции не беше понудена алтернатива или некоја предлог мерка или протокол како придонес на ВМРО-ДПМНЕ во полза на граѓаните. Претходно се палеа свеќи и се положуваа цвеќиња пред владата. Ваквите партиски реакции некому можеби ќе му наликуваат на окултна опседнатост со задгробниот живот, но Дафина Стојановска во име на Извршниот комитет на 4-ти месецов изјави „ВМРО-ДПМНЕ никогаш порано и никогаш во иднина нема да води некрофилска политика“. Можеби за вкусот на Мицкоски ова не е некрофилски, но факт е дека ваквата реторика граѓаните не ја примаат најдобро. Кога на реториката ќе се додадат конфузните настапи, впечатокот за ВМРО-ДПМНЕ е крајно несериозен. Владата на Заев се напаѓа како „предавничка и неспособна“, а Мицкоски бара фотељи за себе и свои министри во неа. Буџетот се напаѓа како „криминален и расипнички“, а пратениците на Мицкоски со кворум помагаат да се донесе. Се бараат предвремени избори, а се бега од локални избори во Штип. Се напаѓа неспособноста на локалните власти во Штип, а како изговор за бојкотот се тврди дека не може преку средби на терен да се утврделе проблемите на граѓаните. Конфузијата и негативна и црна пропаганда во која што заглави партијата, практично го зацементира рејтингот и влијанието на Мицкоски. Мицкоски не заземаше став по ниедно важно прашање и тоа веќе никој и не го очекува од него. ВМРО-ДПМНЕ е дефакторизирана во голема мера.

ВМРО-ДПМНЕ губи и избори и време

Христијан Мицкоски на 10 Октомври минатата година за макфакс изјави „Ќе поднесам оставка ако ги загубам изборите и ако не успеам да составам Влада“. На 15 Јули ги загуби изборите, а откако Зоран Заев на 18 Август објави дека постигнал договор со Али Ахмети беше јасно дека нема да направи ниту влада.
Веднаш по изборот на новата влада, се формираше Иницијативен одбор кој јавно на прес конеференција одржана три дена подоцна пред партискиот штаб побара од Мицкоски отчет за сработеното, одговорност за поразот и организирање на Вонреден конгрес. Основната теза на Иницијативниот одбор беше дека Мицкоски не реализирал ниту еден од трите столба кои ги ветил пред истите тие делегати на конгресот во Валандово на кој што беше избран како наследник на Никола Груевски. Членовите на иницијативниот одбор го обвинија дека партијата е поделена и раскарана повеќе од кога било. Го обвинија дека само ги влошил коалициските капацитети и дека го продлабочил јазот со меѓународната заедница. Се спротивно на тоа што го ветил. Зад иницијативниот одбор застанаа искусни и високи поранешни партиски функционери како градоначалниците Коневски, Латиновски, Стамов, Стојановски, Митревски и други. Застана пратеничката Дамчевска, Трајковски Кавракова.
Освен Иницијативата со свои реакции контра политиките на Мицкоски често настапуваше Никола Поповски, Никола Тодоров, Митко Јанчев, но и помалку познати функционери како поранешниот кандидат за градоначалник на Општина Центар Дејан Јовановски.
Најтивка се чини дека во текот на целиот период беше групата околу Конрад Аденауер.
Иако од тогаш поминаа скоро три месеци, Мицкоски во негов стил одлучи да не даде отчет пред конгресот што го бирал и да не понесе одговорност за поразот. Игнориран е внатрепартискиот проблем и раздорот во ВМРО-ДПМНЕ наместо да се решава се пролонгира. Во тој контекст се оценува дека е и последниот бојкот , бидејќи евентуалниот нов пораз на избори би значел дополнително незадоволство од работењето на Мицкоски.

Мицкоски ја влечеше и ја влече партијата во амбис

Во февруари годинава Меѓународниот републикански институт (ИРИ) објавува анкета според која Мицкоски заостанува двојно зад рејтингот на Зоран Заев, иако двете партии практично се многу блиски со рејтингот. Според ИРИ , рејтингот на Заев изнесувал 13%, а тој на Мицкоски 6%. Агенцијата Рејтинг објавува дека Заев го води Мицкоски со 32% спроти 27%. М-Проспект во Јуни на Телма излегува со анкета дека Заев е со предност од 18,5 против 15%. Пред изборите во Јули Брима Галуп објавува истражување според кое Заев има доверба од 9,4%, а Мицкоски е со рејтинг 4,2%.

Истражувањата на јавното мислење во голема мера се потврдија, но наместо Мицкоски да го ослободи ВМРО-ДПМНЕ од баластот, тој ја влече партијата надолу. Очигледно на Мицкоски не му пречи ВМРО-ДПМНЕ да стане вечна опозиција бидејќи според пишувањата на медиумите и како прв опозиционер ужива прилично солиден комодитет. Располага со милиони евра, а партиското обезбедување го придружува по кафеани и теретани. Членови на партијата тука го гледаат и мотивот на Мицкоски за неговото однесување. „Доколку тој нема капацитет да победи на избори, тогаш треба ВМРО-ДПМНЕ да биде ослабено и разединето за никој да не може да ја загрози неговата фотелја“, велат од партијата.
Факт е дека за предметите „Теретана“ и „Дебар Маало“ постапките беа затворени, а освен јавните напади за „хидроцентралите“ , власта не отвори сериозна истрага за криминал, што укажува дека Мицкоски ужива посебен третман кога се знае дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ и според партијата без докази одат во затвор.

Слаба опозиција добра за СДСМ, лоша за Македонија

Излегувањето на социјални протести со Мерцедес кабриолет и промашените теми само дополнително го уриваат опозицискиот рејтин. Ваквиот развој на настаните му одговара на Зоран Заев бидејќи немоќната опозиција само му помага да владее без никаква контрола. Заев ги знае слабите страни на Мицкоски и за пари ја купува неговата подршка. Во собранието веќе наголемо се коментира чудното однесување на опозицијата. Пратеничката група на шега веќе се нарекува „ВМРО-кворумска“.
Ползата што ја има СДСМ од слабиот Мицкоски и разединетото ВМРО-ДПМНЕ може да му донесе привилегии на Заев на кус рок, но сигурно е дека ќе има исклучително штетни последици по Македонија во иднината.
Затоа се почести се анализите и во медиуми кои не се финансирани ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ, директно или индиректно. Во тој контекст Радио Слободна Европа во текст под наслов „Обид за одложување на внатрешните препукувања во ВМРО-ДПМНЕ“ цитира аналитичари отварајќи дилема дека пандемијата можеби и не е вистинската причина за бојкотот.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

Захиа Деар, која се прослави како малолетна проститка која меѓудругото спиела и со француските фудбалери Франк Рибери и Карим Бензема, денес е дизајнерка, модел,...

Забава

Тиквата е зеленчук кој е богат со хранливи материи кои го зајакнуваат организмот и затоа треба почесто да ја има на нашата трпеза. Ја одржува...