Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

КОСТАДИНОВ: Мицкоски и Вело Марковски се мрачни некрофили кои го загрозуваат здравјето и се радуваат на несреќи

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат најголемата закана по јавното здравје.

Последните изјави на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски носат нов скандал. Вело Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”.

Претходно, овој член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем.

Истовремено, неговиот шеф, Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19. Како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде ликува, се радува на несреќата на стотици семејства.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Мицкоски и Марковски, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните.

Ним не им е битно здравјето на граѓаните. Напротив, се обидуваат на секој начин да го поткопаат здравствениот систем, да ја отежнат работата на здравствените работници.

Наместо помош и поддршка, од почетокот на пандемијата па се до денес, граѓаните од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаат само опструкции, лажни вести и масовно кршење на мерките за заштита од ковид 19.

Заради таквото однесување Мицкоски е казнет од граѓаните, заради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...