Камала Харис, влезе во историјата и стана првата жена потпретседателка на СДС. Но таа е и првата Афроамериканка и прва Американка со азиско потекло на оваа позиција. Сепак, таа нема да биде првата „обоена“ личност што ќе служи како потпретседател на САД во следните четири години.
Во 1928 година, Чарлс Куртис беше избран за потпретседател на САД за време на претседателството на Херберт Хувер.
Куртис беше адвокат, домороден Американец и член на Канза нацијата, федерално признато племе домородни американци во Оклахома и делови од Канзас.

Куртис пораснал во Северна Топика, Канзас, од татко белец и мајка која била четвртина од индиско племе. Поголемиот дел од своето детство го поминал живеејќи со неговите баби и дедовци по мајка во резерватот во Канзас. Куртис дури зборувал на нивниот јазик, пред да научи англиски.
Додека Куртис се надевал дека ќе продолжи да живее во резерватот, неговата баба го охрабрувала да се врати во Топика и да го продолжи образованието, пренесува Си-Ен-Ен.

– Го прифатив нејзиниот совет и следното утро се качив на пони и се вратив во Топика и во училиштето со моите работи во вреќа од брашно. Ниту еден човек и момче никогаш не добиле подобар совет, тоа беше пресвртница во мојот живот – изјавил тој.
Станал адвокат во Топика, а потоа покажал интерес за политика. Куртис бил избран во Конгресот на САД во 1892 година. Во 1928 година, Куртис не успеал да добие номинација за претседател, односно загубил од Херберт Хувер, кој го избрал за свој потпретседател.

Додека Куртис влезе во историјата како прва „обоена личност“ на позицијата потпретседател на САД, Камала исто така ги руши бариерите.
Жените ширум САД се борат за еднакви права и застапеност во американскиот живот со векови.
– Додека јас сум првата жена на позицијата потпретседател, нема да бидам последна – рече таа во саботата.
