21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве кои работи мажите ги бараат од жените за неверојатен с*екс

Дали сакате да знаете што на мажите им е најпривлечно кај жените за време на сексот? Се прашувате што ја прави жената „добра во кревет“?

Ако се нурнете малку во објавите на форумот „Редит“, ќе видите разни одговори. Секако, можеби не им одговара на сите исто, но припадниците на посилниот пол се согласија за некои клучни работи, за кои сметаат дека се привлечни.

Ентузијазам

Ентузијазмот е клучен. Исто така е важно жената да биде отворена и да може удобно да се разговара за желби и фантазии. Двете страни треба да се чувствуваат безбедно. Но, клучната работа е ентузијазмот.

Хемија

Многу мажи не сметаат дека е конкретно до тоа што прави жената во кревет, но дека добриот секс е едноставно прашање на хемија меѓу нив.

– Најдобриот секс што го имав беше толку добар, бидејќи јас и мојата девојка се гледавме долго време. Знаевме кому што му треба, вели еден од коментарите.

Копнеж

Повеќето мажи на „Редит“ се согласија дека им се допаѓа кога жената покажува желба и копнеж за мажот, кога му шепнува нешто или кога нежно го допира.

Галење

Некои жени можеби се изненадени, но и мажите сакаат да се гушкаат.

– За мене е важно таа да го сака моето тело, и да ми даде до знаење. Исто така, неверојатно е гушкањето и галењето по сексуален однос – напиша еден корисник

Креативност

– Мојата сопруга секогаш наоѓа нов начин да ме изненади. Таа е неверојатно креативна и внимателна – напиша друг

Очигледно, малку фантазија не им е потребна само на постарите парови, бидејќи и помладите мажи го поддржаа овој коментар.

Удобност и комуникација

Сите сме различни, а мажите тоа многу добро го знаат. Дами, момците не можат да ви го читаат умот и затоа сакаат жени кои им појаснуваат што сакаат, а што не.

– Кога на жената и е целосно удобно, не се срами да ги истражува сите аспекти на сексот и физичкото задоволство, тоа е неверојатно искуство. Здравата комуникација помеѓу партнерите е важна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести