2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Единствено Орце Камчев профитира од кризите кои ги продуцира ВМРО-ДПМНЕ

Партијата е контролирана од Орце Камчев, а битките кои ги води се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ откако Христијан Мицкоски е на чело, заклучува Васко Ефтов во последната анализа во емисијата „Во Центар“. Доказ за тоа , според Ефтов е фактот дека луѓето кои се блиски на Камчев и кој пијат кафе со него, просперираат во структурите на партијата.

Ефтов смета дека продуцирањето на кризи во Македонија е единствениот начин преку кој што Камчев може да избега од правдата и да го задржи своето влијание. Затоа кризите како излезна стратегија му се понудени и на Христијан Мицкоски во обид да ја задржи претседателската функција, преку која и Камчев би можел да управува со партијата.

Во моментов во Македонија се активни две кризи во кои директно е инволвиран Орце Камчев, а преку Христијан Мицкоски се продуцира и трета.

Првата криза е блокадата на евоинтегративниот процес од страна на Бугарија, која според Ефтов не може да има позитивен излез. Улогата на Камчев во овој ппроцес, Ефтов смета дека се остварува преку неговите контакти од Бугарија, чиј почесен конзул требаше да стане.

Втората криза е ковид пандемијата која го урива здравствениот систем. Во оваа криза, Камчев ја игра својта улога преку користење на незадоволството на персоналот во јавното здравство и ангажманот што им го нуди во приватното. На тој начин , Ефтов смета дека се нанесува дополнителен удар врз здравствениот систем и на властите им се одземаат ресурсите со кои што треба да се справат со кризата.

Третата криза која што се обидува да ја иницира Мицкоски е политичката преку бојкотот на локалните избори во Штип. Според информациите на Ефтов , Орце Камчев дури и предложил негов човек , директор во Бетон да биде номиниран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Штип, но веројатно е заклучено дека на тој начин изборите би се загубиле со огромна разлика што би значело збогување на Мицкоски со претседателската функција. По автоматизам тоа би значело и крај на влијанието на Камчев и неговата групација врз политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Тука Ефтов како важен играч го наведува и Масар Омерагич, поранешен функционер во ФФМ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести