9.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Стамов : Со ВМРО-ДПМНЕ не владее Мицкоски, туку конфузија

Партијата во моментов е повеќе поделена отколку било кога претходно во нејзиното постоење. Затоа аргументот дека одржувањето на вонреден конгрес би ја поделило структурата е без никаква основа, смета Борис Стамов поранешен градоначалник на Дојран и член на иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неговото гостување во емисијата „Во центар“, Стамов анализираше дека постојат голем број групи кои имаат различни интереси, но ги спојува тоа што не се согласуваат со начинот на кој што е водена партијата во моментов.

Единствениот излез со кој што ВМРО-ДПМНЕ може бргу да се врати на победите, како што вели Стамов е одржување на вонреден конгрес на кој што би се изгласала недоверба на актуелното раководство. Доколку не може да се избере прв човек на партијата, Стамов смета дека може да се оди и со преодно решение во форма на претседателство, кое би имало еден приоритет, а тоа е да ги смири и спои завојуваните структури и да организира нов конгрес на кој што би се бирал лидер на партијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести