Пејачот Сергеј Четковиќ и неговата сопруга Кристина важат за еден од најскладните парови, иако својата приватност ја чуваат од јавноста.
Парот пред неколку години посвоил две ќерки – Лола и Мила, а сега Сергеј прозборел за тој чин: – Луѓето помалку се срамат да зборуваат за посвојување, а не треба. Што значи воопшто да се биде родител? Тоа не е само да се роди дете, туку да се биде негова сигурност, подршка, водич. Ние не разглобувавме многу за тоа – дали и кога ќе усвоиме деца, едноставно сакавме тоа да се случи. Една ноќ седевме во кола и свативме дека поднесовме документи за усвојување, така се случи и со втората ќерка. Ако сакате да бидете родител не бирајте сретства – посвоите деца, направете ги среќни, а со тоа и самите себе. Јас секогаш на моите деца им велам – јас вас ве родив од срце – отворено раскажал Четковиќ.
– Проблем и бариера кај сите луѓе е стравот – што ќе се случи кога моите деца дознаат дека се посвоени. Моите ќерки знаат дека посвоените деца, им раскажав уште првиот ден дека постои некое школо за деца каде што ние дојдовме и тие рекоа, па каде сте досега. Мораш да најдеш начин како најсликовито, преку приказна тоа да им го пренесеш. Луѓето секогаш прават неков баук од таа приказна, и чекаат до 18 година, а тоа не треба така. Кога ја добивме Мила, и рековме “Ние со сестрати дојдовме во тоа школо, те баравме, а ти ја крена раката и рече, еве сум“. Единствен проблем во тој процес е моделитетот на институциите, кои во разговор за посвојување, ги бомбардираат луѓето со некои приказни, со што се откажуваат на крај… Смирете ги луѓето, предочете им на најдобар начин дека секој треба и може да има свое семејство – рекол Сергеј на К1 телевизија.
