20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО НАЈАВА- од 21:00 до 05:00 часот!?

Здравствените власти во текот на неделава најдетално ќе ја анализираат епидемилошката состојба, а во случај актуелните мерки да не ги дадат потребните резултати, не ја исклучуваат можноста за воведување на најригорозната рестриктивна мерка, полицискиот час.

Ова неколкупати досега во јавноста го кажуваше и самиот министер за здравство, Венко Филипче, но целта е да се даде шанса на сегашниве мерки да доведат до намалување на трансмисијата на вирусот.

– Во случај епидемиолошката состојба и понатаму да се влошува, секако, дека би морале да постапиме построго. Крајната мерка е полициски час, кој би претставувал ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 05 часот наутро. Во моментов, и покрај загрижувачките бројки на новозаразени, и покрај исполнетите болнички капацитети, и покрај големата смртност, а во крајна граница и покрај исцрпениот и дефицитарен медицински кадар, се уште има голема раздвиженост во вечерните часови. Освен кафеаните, рестораните, односно сите угостителски објекти, се друго работи. Луѓето се собираат во обложувалници, работат бурекџилници, сендвичарници, вусшност се работи. Ние, како здравствени власти, секако се надеваме дека нема да бидеме приморани да го воведеме непопуларниот полициски час, велат извори на Фактор од Комисијата за заразни болести.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести