20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ОДЛИЧНА ВЕСТ: Доаѓа ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 – ефикасност високи 90%

Производителот на лекови „Фајзер“ објави дека раната анализа од испитувањето на нивната вакцина против коронавирус сугерира дека вакцината е силно ефикасна во спречувањето на „Ковид-19“. Ова  ветувачки имајќи предвид дека светот со нетрпение чекаше какви било позитивни вести за пандемијата во која починаа повеќе од 1,2 милиони луѓе, објави Њујорк Тајмс

„Фајзер“, која ја развива вакцината со германскиот производител на лекови „БиоНТек“, објави само мали детали од клиничките испитувања, кои се засновани по првиот формален преглед на податоците од страна на панел надворешни експерти.

Компанијата соопшти дека анализата открила дека вакцината е ефикасна повеќе од 90 проценти во спречување на болеста кај доброволните испитаници кои немале докази за претходна инфекција со коронавирус. Доколку резултатите се задржат, тоа ниво на заштита ќе ја постави на исто ниво со високо ефективните детски вакцини за болести како што се сипаниците. Не се забележани сериозни проблеми со безбедноста, соопшти компанијата.

„Фајзер“ планира да побара од Управата за храна и лекови за итно одобрување на вакцината со две дози до крајот на месецов, откако ќе ги собере препорачаните податоци за безбедноста од препорачаните два месеци. До крајот на годината ќе има произведено доволно дози за да се имунизираат од 15 до 20 милиони луѓе, изјавија директорите на компанијата.

„Ова е историски момент“, рече Катрин Јансен,  потпретседател и раководител на истражување и развој на вакцини во „Фајзер“.

„Ова беше разорна ситуација, пандемија и тргнавме по пат и цел што никој досега не ја постигнал – да излеземе со вакцина за една година“.

Независни научници предупредуваат да не се објавуваат рани резултати пред да се соберат долгорочните податоци за безбедност и ефикасност на вакцината. Сепак, развојот го прави „Фајзер“ првата компанија што објави позитивни резултати од испитувањето со вакцини во доцен стадиум, ставајќи го напред во трката за вакцина којашто започна во јануари, и се одвиваше со рекордна брзина.

Досега единаесет вакцини се во испитувања во доцна фаза, од кои четири во САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести