Како дел од кампањата за оспорување на изборните резултати, американскиот претседател Доналд Трамп планира да одржи неколку митинзи преку кои ќе се обиде да добие поддршка за продолжување на својата борба.
Според портпаролот на неговата кампања Тим Муртау, Трамп планира да побара повторно броење гласови во неколку сојузни држави.
Трамп ќе се обиде да ги поткрепи своите тврдења за изборни измами со објавување некролози за мртви луѓе кои гласале на изборите, кажа Муртау.
За тоа време, Џо Бајден веќе почна да ја планира транзицијата.