8.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ПРИСТИГНУВА ЛЕТЕЧКО ТАКСИ во 2023! Ова е првата европска земја која ќе има

Сите оние кои ќе одат во Шпанија по 2022 година веројатно ќе имаат можност да уживаат во комплетно нов начин на превоз – летечко такси.

Најавени се првите тест летови за 2022 година во Барселона и Компостела. Според зборовите на директорот на шпанската компанија Енаира, Анхел Луис Ариас, целта е движењето да се премести во „третата димензија“.

Енер, компанија чиј фокус е на воздушната навигација, учествува во два проекти финансирани од Европската унија и кои припаѓаат на (Хоризонт 2020), најголемата програма за истражување и иновации досега.

„Планот е двата проекти да презентираат летачки такси во Европа во 2022 година. „Енер ќе управува со летот на првите летачки такси во Шпанија, што ќе се одржи таа година во Барселона и Компостела“, рече Ариас.

Во јули минатата година, шпанската компанија Tecnalia го претстави својот прототип на летачко такси без екипаж за една личност. Ова такси е дизајнирано за превоз на лице или товар до 150 килограми, може да достигне висина од 100 до 300 метри, а растојание од 15 километри може да се помине за 15 минути.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести