20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Митева: Граѓаните од почетокот на епидемијата за тестови КОВИД -19 потрошиле над 8 милиони евра

Интегрален текст од прес конференција на Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, 

38.782 вкупно заболени лица, 14.661 активен случај, 1.110 смртни случаи. Венко, ова се бројки кои сами покажуваат колку итно е потребна оставка. Колку пати и да повторуваме, колку и да е силен гласот на народот дека треба да си заминеш, ти толку повеќе си нем.
Ајде да ја продлабочиме анализата која ќе отвори уште повеќе прашања. Она што најмногу не загрижува е фактот дека болничките капацитети се исполнети, а најголем проблем е недостатокот на медицинскиот кадар. Да, оној кадар, медицинските сестри кои те напуштија и кој обвинија за нивно непочитување. Тоа е оној кадар Венко кој ти го искористи за свој личен ПР, ветувајќи дека ќе направиш се за да ги задржиш овие лица. Но, вети само на слика, вети само за да го минимизираш неуспехот, а не затоа што вистински ќе го направиш тоа.
Да ги разобличиме и твоите лажни ветувања дека ќе успееш на врвот на твојата приоритетна листа да ги ставиш граѓаните. Во изминативе два дена се направени вкупно 6.486 тестови, од кои дури 3.086 се направени во приватните клиники. Тоа се вкупно близу 9.258.000 денари или близу 150.000 евра, за два дена, дадени од граѓаните. Венко, свесен ли си дека за тестови граѓаните потрошиле над 8 милиони евра? Постои ли некоја црвена граница која не би ја поминал? Што можеше здравството да нарави со тие средства, колку инвестиции се еднакви на повторувам осум милиони евра? Колку амбулантни возила ќе се обезбедеа, и колку животи ќе беа спасени?
Но, се сеќавам на изјавата во која Караџовски вели тоа е јавно и приватно здравство, политика и бизнис. Го сведовте здравјето на граѓаните на дневна политика и бизнис.
Причините за оставка секој ден се зголемуваат, биди совесен и сфати дека се ќе биде под контрола ден после твојата оставка!!!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести