7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Конфликти на албанската политичка сцена после ХАШКИТЕ АПСЕЊА

После потврдено обвинение од Специјалниот суд против бивши водачи на терористичката ОВК премиерот на Албанија Еди Рама зборувајќи за извештајот на бившиот член на европскиот парламент Дик Марти во кој тврди дека злосторство направиле припадници на ОВК, ги обвинил своите тројца политички опоненти, Илир Мету (претседател на Албанија), Сали Бериша (бивш албански премиер) и Луљзим Башу (лидер на демократската партија во Албанија), дека го подржале швајцарскиот сенатор.

Рама на Твитер го запрашал бившиот премиер Бериша и претседателот Мета зошто гласале за извештајот на Марти кој ја инкриминира ОВК.

Исто така бара одговорност од од лидерот на ДС за кого наведува дека ја “измислил Жолтата куќа“.

– Илире, ќе можеш ли да им кажеш на Албанците зошто гласаше за извештајот на Дик Марти, заедно со Саљијем, кога гласавме против. А ти Љуљизме, можеш да објасниш кое досие го подготвуваше за изработка на Жолтата куќа заедно со перуанскиот лекар со кого собираше докази – навел и објавил Рама.

Извештајот на Марти е материјал со кои е воспоставено основањето на Специјалниот суд во Хаг

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести