11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Мицкоски најави дека во Штип се брани Македонија, а потоа остави да ја бранат СДСМ и ИНТЕГРА

5 кандидати за градоначалник на Штип, Мицкоски избега од борба

Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија , а најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како Џими, кој е роден во Нигерија, а во Штип доаѓа да студира, каде што веќе неколку децении живее и работи.

МИЦКОСКИ: Во Штип се брани Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 23 октомври најави дека во Штип ќе се брани Македонија и најави победа.

  • Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања, порача од штипско Ново Село, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Тој истакна дека за два до три дена ќе го објават кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Очекува поддршка од штипјани и од оние, како што рече, кои изминатите три години не биле задоволни од проектите на поранешниот градоначалник, а сега министер за транспорт и врски Благој Бочварски.

Дваесетина дена подоцна, Мицкоски соопшти на прес-конференција дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи свој кандидат. Останува нејасно што се смени за неколку недели во однос на пандемијата со Ковид-19 која Мицкоски ја посочи како причина поради која нема да предложи кандидат за градоначалник. Конфузните се и изјавите на Мицкоски кој побара оставка од Владата, на што се надоврза и изјавата на Николоски кој пак освен оставка на владата и побара предвремени парламентарни избори.

-Нашето барање е владата да си поднесе оставка и да се оди на избори кога ќе има услови, а во меѓувреме да се формира влада на национален спас. Новата владата пак по изборите со политичарите кои се денес тука ќе ја извадат Македонија од бездната во која се наоѓа и во која ја доведе Заев, изјави Николоски за Канал5 за време на состанокот на Конрад Аденауер.

Секојдневни прес-конференции има и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, се бараат оставки од локалните власти, но повторно на крајот штипјани се препуштени од Мицкоски на СДСМ, ИНТЕГРА или можеби некој од останатите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести