18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Мицкоски му ја довери Комисијата за безбедност на екс разузнавачот Алексоски

Се повеќе се зголемува влијанието на екс разузнавачот Синиша Алексоски врз претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Извори од партијата ни тврдат дека една од најчувствителните комисии каде што се собираат доверливите податоци, првиот човек на партијата целосно му ја препуштил на поранешниот советник на Претседателот Ѓорге Иванов.

Истата комисија заради немање целосна доверба во партиските кадри, до изборите ја водел лично Мицкоски преку кого одело и објавувањето на скандалите за актуелната власт, но и покривањето и уништувањето на неколку „бомби“ кои можеле да му нанесат голема штета на Заев. Веројатно времето ќе покаже дали овие информации се точни и зошто не се до крај објавени сите материјали и дали благодарение на тоа Заев остана премиер. Мицкоски, според нашите информации имал и директни комуникации со притворени лица, а тогаш како и сега во голем број случаи му посредувал токму Алексовски.

Отворено се зборува дека предлозите за министри во техничката влада не биле на Мицкоски, туку на Алексоски, а таа пракса продолжува и натаму.

Неофицијално, како нов претседател на комисијата Алексоски го предложил Наќе Чулев. Неговиот аргумент бил дека без разлика на резултатот на изборите, Чулев му бил исклучително лојален. Заедно со Чулев во комисијата се и неговите најблиски соработници од Агенцијата за разузнавање. Во комисијата се нашло место и за едно лице од МВР со сомнителна позадина кое било во кабинетот на Чулев. Во комисијата се нашло место и за Ристо Ставревски кој бил началник на СВР Скопје во техничката влада.

Алексоски во позадина заради неговите анти-нато активности

Обиди разузнавачот Алексоски да биде инфилтриран во МВР имаше уште во време на техничката влада, но како што известуваа медиумите тие не поминаа заради неговите сомнителни активности. Тогаш на Чулев му успеа да преземе петмина свои најблиски соработници од Агенцијата за разузнавање и тоа Марјан Христов, кој е именуван за шеф на кабинетот на Чулев во МВР; Мухамед Исмаиљи за државен советник во кабинетот; Здравко Стојков за помошник-министер за ИТ; Виктор Ѓорѓиевски за обезбедување и Андријана Сапунџиева-Кокарева како лична асистентка на Чулев.

Вработувањето на Алексоски беше стопирано заради неговата инволвираност во настаните од 27 април. Медиумите тогаш известуваа дека српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ изјавил дека бил присутен во парламентот на 27 април со дозвола од кабинетот на Иванов, поточно од советникот за безбедност на претседателот, Синиша Алексоски.

Поради истата причина и сега на Алексоски не му е доверено претседателското место во комисијата, но истата му е оставена да ја раководи од позадина. Стравот во партијата бил дека е можно да излезат во јавност наводи кои би укажале дека Алексоски бил директно инволвиран во настаните од 27 април и дека го поддржувал и поттикнувал со одредени постапки.

Затоа Мицкоски како на човек од доверба ја препуштил комисијата на луѓе блиски со екс разузнавачот.

Разузнавачот Алексоски веќе е обележан од стратешките партнери на Македонија и покрај тоа што е близок соработник на Мицкоски

Синиша Алексоски, според пишувањата на различни медиуми одржува голем дел од инфраструктурата на Мицкоски на социјалните мрежи. Освен тоа, на социјалните мрежи истата структура ги брани интересите и на левица и на останатите анти-нато движења како што беше Бојкотирам. Овие информации, како што ни е кажано ги имал одамна и Мицкоски, но немал ништо против од кокетирање на ВМРО-ДПМНЕ и со структурите кои не стојат зад прозападната ориентација на партијата.
Според информациите кои кружат, профили под негова контрола ги напаѓаат меѓународните претставници и вработените во меѓународните организации.

Како што веќе пишуваше медиа.мк , не е прв пат Алексоски да наметне стратешки одлуки кај Мицкоски кој ги следи неговите насоки. Впрочем нашите информации и тогаш говореа дека неговото влијание врз Мицкоски се зголемува.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести