Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

КОЈ Е ЏО БАЈДЕН, 46ти избран ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД ?!

После семејните трагедии, два неуспешни обида за освојување на Белата куќа и изборната кампања што ја наруши пандемијата, политичкиот ветеран Џо Бајден (77) ги убеди Американците дека тој е личноста што ќе ги обедини по Доналд Трамп.

“Можеме да ставиме крај на владеењето на претседател кој сака да нè раздели и распарчи од самиот почеток. Можеме да ставиме крај на владеењето на претседател кој не знаеше како да ја заштити земјата, кој разгори оган на омраза”, рече поранешниот потпретседател на САД во последните часови од кампањата.

До самиот крај, Бајден останува верен на пораката што ја потенцираше при објавувањето на својата кандидатура во април минатата година – „Ние водиме битка за душата на Америка“.

Во неодамнешниот момент на искреност, што му е својствено, тој рече дека пораз од непопуларниот републикански милијардер ќе значи дека тој е „сиромашен, слаб кандидат“

Тоа секако би значело крај на неговата кариера на национално ниво, која триумфално ја започна на 29-годишна возраст, но долго време не уживаше во тоа поради незамислива семејна трагедија.

Семејна трагедија и емпатија како најсилен адут

Во ноември 1972 година го прослави својот избор за американски сенатор, како петти најмлад во историјата, опкружен со среќно семејство. Еден месец подоцна, неговата сопруга и ќерката загинаа во сообраќајна несреќа, додека неговите двајца синови беа повредени.

Таа трагедија, како и смртта на најстариот син Бо во 2015 година, ја зголемија неговата емпатија. Сочувството го претвори во негов заштитен знак.

Во 2020 година тој се држи себеси исто гордо како и на почетокот на својата кариера и настапува исто страсно.

Но, тој закоравен политички волк веќе не изгледа толку добро во неговите совршено скроени одела како што изгледаше на својот врв кога беше заменик претседател на Барак Обама. Изгледа кревко.

Тој е склон кон гафови и губење контрола, а некои, дури и меѓу неговите приврзаници, се плашеа од сопнување и колапс за време на долгата битка со Доналд Трамп (74).

Пандемијата, која нагло ја парализираше изборната кампања во март, го лиши од еден од неговите најсилни адути – директен контакт со гласачите.

Иако ги продолжи своите патувања со малку побавно темпо на крајот на август, тој строго ги следеше здравствените упатства, па затоа не беше толку присутен на теренот. Тој ја истрча кампањата далеку од гласачите, често избегнувајќи ги новинарите, како што предупредуваа неговите критичари.

Историска пресвртница на внатрепартиските избори

Поранешната десна рака на Барак Обама може да им противречи на критичарите со триумф на демократските прелиминарни избори, по историскиот пресврт во американската политика.

Според некои премногу стар, според други премногу во центарот, Бајден најпрво претрпе три болни порази во Ајова, Њу Хемпшир и Невада, а потоа освои големо мнозинство во Јужна Каролина, благодарение на афро-американските гласови, неопходни за секој демократ кој сака да оди во Белата куќа.

На крилјата на таа победа, почна да ги ниже останатите една по друга, брзо добивајќи ја поддршката од другите умерени кандидати и потоа го победи големиот ривал, социјалистички ориентиран Берни Сандерс.

Наспроти тешката и долга битка од 2016 година помеѓу Сандерс и Хилари Клинтон, Бајден успеа брзо да го собере левото крило на партијата, предводена од истата цел – да го победи Доналд Трамп.

Иако Бајден се натпреварува, според зборовите на Барак Обама, „со најпрогресивната програма во историјата на претседателските избори во Америка“, некои од левата страна го сметаат за премногу слаб. И тие негодуваат кога тој ќе рече дека ќе го продолжи дијалогот со републиканците.

Не сум злопамтило

Ова е трет обид на Бајден да стане претседател, по неуспехот на демократските избори во 1988 и 2008 година.

Сенатор повеќе од 35 години (од 1973 до 2009 година), а потоа потпретседател на Соединетите држави од 2009 до 2017 година, Бајден со децении е дел од естаблишментот во Вашингтон.

Неговата политичка кариера е долга, полна со контроверзни епизоди, но и успеси со кои со задоволство се фали.

Од поддршка за сегрегација до миленик на афроамериканците

Во 70-тите години на минатиот век, во екот на борбата против сегрегацијата, тој се спротивстави на политиката за транспорт на црни деца со автобус во претежно бели училишта, со цел да се охрабри нивното мешање. Тоа им одговараше на белите гласачи во Делавер во тоа време, но подоцна му се врати, на пример кога сенаторот Камала Харис, тогаш неговиот ривал на предизборите, му префрли среде телевизиска дебата.

Посочувајќи дека не е „злопамтило“, Бајден сепак ја избра за свој кандидат за потпретседател.

Харис ќе биде првата афро-американска потпретседателка во историјата на Соединетите држави. Таа има индиско потекло по мајка.

Популарен меѓу афроамериканците, Бајден се залагаше за изградба на социјални станови во неговите рани денови. И тој често посочува како искуството на наставник по пливање во претежно црно соседство му помогнало во неговата политичка кариера.

Постојат и други епизоди кои ја оптоварија неговата кампања за Белата куќа – неговиот глас за војната во Ирак во 2003 година и поддршката за казнениот законик од 1994 година, кој се смета за одговорен за експлозијата на бројот на затвореници, главно Афроамериканци

„Тоа е грешка“, признава Бајден денес, инсистирајќи на друг аспект на таа голема реформа – законот против насилство врз жените, со кој тој е „многу горд“.

Влегувајќи во Белата куќа на Барак Обама во екот на финансиската криза, поранешниот сенатор работеше на усвојување на голем план за заштеда на економијата од 800 милијарди долари. Тој е среќен што го истакна тоа, за да докаже дека може да ја рестартира економијата, која е во голема криза поради пандемијата.

Роден во Пенсилванија, израснал во Делавер

Џозеф Робинет Бајден е роден на 20 ноември 1942 година во Скрентон, Пенсилванија. Тој рударски и индустриски град минуваше низ тежок период во педесеттите години. Неговиот татко барал работа во соседната држава Делавер, а потоа целото семејство го преселил во Вилмингтон. Во тоа време Џо Бајден имал десет години. Тој го претвори тој град во своја база.

„Татко ми секогаш велеше – шампиони, големината на човекот не се мери со тоа колку пати паднал на земја, туку со тоа колку време му требаше да застане на нозе“, често се сеќава тој.

Анкетите покажуваа дека разликата меѓу двајцата кандидати во Пенсилванија беше тесна, па и двајцата се обидуваа да ги придобијат гласачите до последната минута.

“Пенсилванија е клучна на овие избори. Јас живеам во Делавер, но јас сум син на Пенсилванија, роден во Скрентон”, истакна Бајден во неделата.

„Дали Бо е горд на мене?

Бајден не беше поштеден од обвинувања дека сака да допира жени. Тој се извини за тоа во април 2019 година, ветувајќи дека ќе го почитува „личниот простор“ на другите. Тара Рид дури тврди дека сексуално ја нападнал во деведесеттите години, што тој категорично го отфрли. Трамп не коментираше толку многу, бидејќи тој самиот има десетина такви обвинувања.

Водејќи кампања за него низ целата земја, неговата сопруга Џил Бајден (69) е дискретна во врска со тоа. Динамична професорка, таа е една од неговите најголеми адути. Двојката се венча во 1977 година и ја имаат ќерката Ешли.

Бајден е многу приврзан за своето семејство. Во 2015 година, неговиот најстар син Бо Бајден почина од рак на мозок. Тој често зборува за тоа со тага. Затоа тој не се кандидираше на претседателските избори во 2016 година.

Католик кој е горд на своите ирски корени, Бајден ја посетува малата црква Св. Јосиф во Вилмингтон.

Во јануари, за својот покоен син, тој рече: – „Се будам секое утро и … се прашувам дали е горд на мене?“.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...