На утринскиот лет Подгорица – Белград дошло до вербален конфликт меѓу еднен од лидерите на Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ со црногорски ракометари, наведува порталот CdM.
Тој портал објавил три видео снимки од авионот, во кој се нашле Кнежевиќ и Андрија Мандиќ, во кои ракометарите пејат црногорска химна и песни посветени Крсто Зрнов Поповиќ. Кнежевиќ во еден момент реагирал, а ракометарите му возвратиле:
— Cafe del Montenegro (@cafemontenegro) November 6, 2020
“Што е Кнежевиќ, ти смета химната на твојата држава, ако ти смета веднаш излези“!
На констатацијата на Кнежевиќ дека лесно им е кога се во “чопар“, тие повторувале да, но ако му смета може да излезе од авион.
Инаку, Крсто Зрнов Поповиќ е генерал на црногорската војска, учесник во блканските војни и битката на Мојковац, жесток противник на Собранието на Подгорица и синоним за суверена Црна Гора.
