Повеќето од нас ги знаат, би се рекло, главните симптоми на корона вирус – температура, сува кашлица, болка во телото, силен умор, како и губење на сетилата за мирис и вкус… Овие се најраспространети, но не и единствени, а постои цела листа необични симптоми на Ковид-19, кои на прва топка никогаш не би ги поврзале со вирус.
Ковид ножни прсти
Здружението на американски дерматолози истакнува дека бројни пациенти како еден од симптомите на корона вирус ја наведуваат појавата на отечени прсти на нозете, често црвени или модровиолетови, кои делуваат како премрзнати. Во одделни случаи се јавуваат дури и болни израстоци или дамки.
Осип предизвикан со корона вирус
Неодамна научниците истакнале дека е можно еден од придружните симптоми на корона вирус да е ненадеен осип. Советуваат лекарска контрола ако се заебележи „местимичен осип, округли и траги во вид на точки по кожара, црвени печати, разни испакнувања, израстоци кои чешаат, пликови…“
Зачестено одење во тоалет
Докторката Дијана Гал тврди дека пациентите со корона вирус можат да забележат „суптилни промени во гастроинтестиналните навики“ и пред да добијат дијагноза Ковид-19. Таа ги предупредила пациентите да поведат сметка за честите одења во тоалет и меката столица затоа што и тие може да се показател.
Зуење и шуштење во телото
После низа сведоштва на заразени кои тврделе дека се чувствуваат како шумлива таблета во вода, односно дека имаа чувство како струја да им поминува низ телото, научниците заклучиле дека би можело да се работи за автоимун одговор кој е поврзан со реакцијата на нервниот систем на корона вирусот.
Промени во очите
Според клиниката Мајо, Ковид-19 може да предизвика, иако ретко, проблеми со очите како што се зголемени капилари, отечени капаци, претерано солзење на очите, зголемена чувствителност на светлина…
Губење на слухот
Често читаме за губење на сетилата за мирис и вкус, но научниците утврдиле дека корона вирусот влијае и на увото, односно дека го оштетува слухот. Тоа неодамна го потврди и опсежното истражување на стручњаците од Клиниката за уво, грло и нос на Клиничкиот центар во Ниш.
Халуцинации
Овој симптом би можел да биде поврзан со делириумот на пациентите кои имале тежок облик на вирусот. Имено, различните благи до сериозни халуцинации и симптоми на психоза кои се јавуваат во одделни тешки случаи можат да имаат врска со пандемијата со Ковид-19, што потврдиле и студии објавени во магазинот “Psychology Research and Behaviour Management”.
