10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ворен Бафет советува КАДЕ ДА ИНВЕСТИРАТЕ !

Ворен Бафет одговара на прашањето во што е најдоброто нешто да се инвестира: Многумина ќе бидат изненадени од она што го рече

Американскиот милијардер, инвеститор и извршен директор на компанијата „Беркшир Хатавеј“, Ворен Бафет, со текот на времето стана синоним за „добар бизнис“, и ако тој се разбира во нешто – тогаш тоа е инвестиција.

Тој речиси никогаш не погрешил и вели дека луѓето треба да работат повеќе според тоа како што тој зборува, отколку според тоа како дејствува во бизнисот. Инвестирал во „Епл“, „Мекдоналдс“, „Кока-кола“ и многу други компании, а на прашањето во што треба да инвестира најмногу, тој кратко одговара: во себе.

– Прво, мора да научите да комуницирате, и писмено и усно. Тоа ќе ја зголеми вашата вредност за најмалку 50 проценти – вели Бафет и додава: Ако не знаете како да комуницирате со луѓе, тоа е исто како да и намигнувате на девојка во мрак.

Покрај тоа, Бафет советува дека секој човек мора да се грижи за своето тело и ум додека е уште млад. Иако многумина би помислиле дека запоставувањето себеси, малку сон и хедонизам – предуслов за успех во бизнисот, овој деловен генијалец не мисли така.

– Ако ви се даде автомобил, кој би бил единствениот автомобил до крајот на животот, вие сигурно би се грижеле за него – вели Бафет. Тој понатаму изјавува дека инвестирањето во себе, знаењето и потребите е поттик за успех во бизнисот и животот, затоа што секој од нас добива едно тело и еден ум, за кои е доцна да се грижиме дури по 50-та година од животот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести