Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ТАЧИ СЕ ТОВАРИ ЗА 98 УБИСТВА

Поранешните офицери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства. Тачи ќе се појави пред судиите во Хаг во понеделник, 9 ноември во 15 часот. Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.

Обвинението ги товари Тачи и другите за политички и етнички прогон, затворање, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура и убиства.

Овие злосторства се квалификувани, во пет точки, како злосторства против човештвото и воени злосторства.

Во привремената влада на Косово, прогласена во март 1999 година, Тачи беше премиер, Весели беше министер за разузнавање, Селими беше министер за внатрешни работи, а Красниќи беше портпарол.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...