Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

КОРОНА КАТАСТРОФА ВО ХРВАТСКА: За 24 часа скоро 3.000 НОВОЗАРАЗЕНИ

Во последните 24 часа забележани 2.890 нови случаи заразени си корона вирус со што бројката на активни случаи изнесува 15.567, известил утрово Националниот штаб.

Меѓу нив 1.307 пациенти се на болничко лекување, од нив на респиратор се 135 пациенти. Починале 34 лица.

Од 25. февруари кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес вкупно забележани се 62.305 лица заразени со новиот корона вирус, од кои 717 починале, опоравени се 46.021 лица, од тоа 2.645 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 33.467 лица. До денес вкупно се тестирани 541.605 лица, а од нив 9.317 во последните 24 часа, пренесува “Јутарњи лист“.

Голем број на новозаболени бележи Сисачката жупанија, која во изминатите 24 часа има рекордни 133 новозаразени лица од Ковид-19. Најмногу заболени се во Сисак (40) и Кутина (29).

Како за потсетување, во четвртокот во Хрватска забележани се 2.848 нови случаи заразени со коронавирус, а починале 29 лица.

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...