Пандемијата на ковид-19 ќе запре помеѓу април и мај следната година, тврди италијанскиот научник, професор на Универзитетот во Неапол, Франческо Санино, кој предводи група научници и истражувачи кои претходно, користејќи математички метод, предвидоа дека новиот бран пандемијата ќе биде помеѓу октомври и ноември.
– Нашите проценки се покажаа како многу веродостојни, очекувавме дека владата ќе ги почитува резултатите што ги постигнавме и ќе преземе соодветни мерки на време, но, за жал, тоа не се случи, рекол професорот Сонино.
Според новите проценки објавени во научното списание „Syantificate Report“, во Италија може да има околу осум милиони луѓе заразени со вирусот корона.
Професорот Сонино тврди дека сега сме само на почетокот на вториот бран на пандемијата на коронавирусот и дека ефективноста на мерките што се преземаат сега ќе се покаже за само неколку недели.
