Медиа.мк ексклузивно дознава дека Одделот за криминалистичка полиција вечерва во голема акција заплени околу 50 килограми марихуана.
Вечерва е спроведена акција во с. Дуброво кај лице познато по своите криминални активности се пронајдени и запленети 50 кила марихуана. Дрогата била подготвена да биде транспортирана до Грција.
Ова е уште една од низата успешни акции во последниот период од што може да се види дека Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР е во сериозна борба со криминалот и криминалните групи.
