И покрај фактот дека тие се премногу богати и дека скоро не знаат што да прават со парите, светските sвезди брзаат да настапуваат, без оглед каде и кога пеат. Некои од најголемите имиња во американската и светската музичка индустрија се продадоа за неколку милиони долари и ги забавуваа едни од најголемите диктатори и политичари кои се препознатливи по кршењето на основните човекови права.
Една од нив е Џенифер Лопез, која со својот секси танц и изглед ја зголеми прославата на роденденот на туркменскиот претседател Гурбангуи Бердимухамедов, чиј режим е опишан како еден од „најрепресивните во светот“, за кој сите медиуми објавија во 2013 година. Џенифер за својот настап заработи три милиони долари.

И Марија Кери направи слична постапка. Таа за Нова 2008 година го забавуваше семејството на Гадафи, кои се обожаватели на американски sвезди. Марија, по осудата, и по настапот, за Ројтерс изјави дека била наивна и дека не проверува за кого ќе настапувала. Кери заработи милион долари таа вечер.

Кание Вест – три милиони од казахстанскиот претседател
Раперот пееше на венчавката на внукот на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбеев во 2013 година. Како што напиша „TMZ“, Кание се продал за три милиони долари, а условот бил да се појави на бината и да ги отпее своите најголеми хитови.

Бијонсе Ноулс доби 2 милиони, па се покаја
Поп-пејачката пееше на приватна новогодишна забава во 2009 година на карипскиот остров Сент Бартс, организирана од членови на семејството на Моамер Гадафи. Кога целата мешаница започнала поради тоа, Бијонсе решила парите од настапот, два милиони долари, да ги донира во хуманитарни цели со цел да го измие образот, напиша „The Daily Mail“.

