4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ДРАМА: Починал од Ковид-19, денес ПОБЕДИ НА ИЗБОРИ и е избран за член на КОНГРЕСОТ

Републиканецот од Северна Дакота, Дејвид Андал, освои место во државниот законодавен дом – Претставничкиот дом – речиси еден месец откако почина на 5 октомври од Ковид-19, пишува Политико.

Андал се кандидираше заедно со уште еден републиканец Дејв Неринг и двајцата кандидати ги поразија демократските противници, пренесува Њујорк пост.

Сепак, Андал почина откако беше хоспитализира, рече неговата мајка Пат Андал.

Како што изјави за локалниот весник „Бизмарк тајмс“, нејзиниот син вложил многу напор во кампањата и бил многу внимателен во контакт со локалното население.

Андал имаше 55 години кога почина, а претходно победи на примарните избори, на кои беше поддржан од сенаторот Кевин Крамер, изјавувајќи дека  требаат повеќе  Трампови републиканци  во државниот законодавен дом.

За тоа како ќе завршат овие законски заплетки ќе одлучат локалните републиканци, но изборното законодавство во некои американски држави не дозволува замена на кандидатите за време на изборниот процес, па дури и по неговата смрт.

Слична ситуација се случи пред околу еден месец во Европа, кога градоначалникот на романскиот град Девеселу, кој почина од коронавирус, победи на локалните избори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести