6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Николоски: Само 8,4 проценти од ребалансот се за антикризни мерки

Ова е втор ребаланс на Буџетот каков што не е виден до сега во плурална Македонија, се проектира огромна дупка во Буџетот. Спред проекциите на министерстворто за финансии дупката ќе биде 960 милиони евра, односно Заев и владата ќе потрошат 960 милиони евра повеќе од што ќе соберат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексанадар Николоски на гостување на утринската програма на телевизија Алфа.

Според него има неколку проблеми со Буџетот, односно вториот ребаланс.

-Првиот проблем е што лажно се претставува приходната страна, се очекува дека од даноци ќе се соберат милијарда евра што е невозможно мисија тоа е за 70 милиони евра повеќе од мината година во последните три месеци кога немаше криза. Оваа година со затворање на ресторани, рестрикции на јавен превоз да се очекува дека ќе се собере повеќе пари е или непознавање или лажење, рече Николоски.

Во однос на јавниот долг, рече Николоски, ова е најлошата година затоа што јавниот долг ќе ја помине психолошката бариера од 60 проценти.

-Да поедноставиме, од се што произведува Македонија како држава за една година должи 60 проценти или скоро две третини или ако секој прави илјада денари 600 денари се долг. Она што е значајно е недомаќинското однесување на владата, еве ќе споредам две години во 2008 година се случи светска еконосмка криза во тој момент јавниот долг бил 23 проценти, а сега 60 кои можат да одат до 70, 2011 европска должничка крза и 32 проценти јавен долг во Македонија, а сега дупло повеќе што покажува со какви неспособни неарботници имаме работа, кажа Николоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести